Достапни линкови

logo-print

Хомеш: Иселување на последните еврејски доселеници од Западниот Брег


Израелските безбедносни сили денеска влегоа во еврејските населби Хомеш и Санур на Западниот Брег за да ги евакуираат последните доселеници. Како што јавуваат агенциите, неколкуте стотици еврејски доселеници не пружиле отпор. Вчера биле уапсени околу 200 демонтранти во северен Израел и на Западниот Брег, кои се обиделе да ги блокираат патиштата. Израел соопшти дека е завршено евакуирањето на околу 8 илјади и 500 евреи од 21-на населба во Појасот Газа.
XS
SM
MD
LG