Достапни линкови

Сеуште нерасчистени дилемите околу начинот на плаќање на данокот на промет за недвижности


Граѓаните на Скопје, сеуште се соочуваат со проблеми предизвикани од вакумот во префлрањето на ингеренциите од централната на локалната власт. Поднесувањето на документи, решавањето на проблемите од областа на имотно-правните односи претставува сериозен проблем за граѓаните кои талкаат заглавени во лавиринтите на општините кои ја преземаа оваа надлежност и Управата за јавни приходи која досега работеше во оваа област. Ингеренциите фиктивно се преземаа на 1 јули кога започна стартот на фискалната децентрализација, но градските власти ,,вистински“ започнаа со работа во оваа област дури пред 15-тина дена.

„За преземањето беа потребни двете страни, значи Градот Скопје беше тој што ја презема надлежноста, а Управата за јавни приходи-регионална дирекција Скопје беше таа што требаше да ја предаде надлжноста. Имаше застој во поглед на пренесување на правото на користење на просториите и опремата, а најбитно беше преземањето на софтверската апликација која досега функционира во УЈП,“

потенцира Александра Ружин, советник за финансиски прашања во градот Скопје. Следствено на закочувањето на процесот на преземање на надлежностите во имотно правната област, локалната самоуправа односно градот Скопје се соочи со проблем во наплатата на даноците.

„Имаше одреден застој од одредени причини од објективни причини кај утврдување и наплатата кај промет на недвижности и покрај тоа што Градот Скопје беше подготвен во поглед на формирање на Комисија за спроведување на методологијата за утврдување на пазарната вредност кај данокот на промет на недвижности.“

вели Ружин. Наплатата на даноците на имот, според законот, се делат 50% кон градот Скопје, И 50% кон надлежната општина. Скопските градоначалници засега велат дека допрва ке видат како ке профункционира реализацијата во оваа област.

„Во градот се случува тоа од пред 20-тина дена И засега немаме ни увид, ни ништо..“

изјавува Виолета Алараова градоначалник на општина Центар.
И додека локалната самоуправа да започне во пракса да функционира, најголемите проблеми ги трпат граганите кои сеуште не се запознаени каде да ги достават докуметните за решавање на имотно правните односи.

„Имам се регуларно, сега дополнително ми бараат некои квадратури, па одам во општина и постојано ме враќаат. Преку 20 пати сум бил и на крај ништо.“

револтирано реагира еден скопјанец.
XS
SM
MD
LG