Достапни линкови

logo-print

Бостон: Синоќа започна уште една светска турнеја на Ролингстоунс


Легендарната рок група Ролингстоунс синоќа со концертот пред триесет и шест илјади луѓе во Бостон започнаа уште една светска турнеја. Оваа група која опстојува веќе четириесет години честопати е субјект на шеги поради возраста на нејзините членови. Пејачот Миг Џегер има шеесет и две години, додека тапанарот Чарли Вотс шеесет и четири. И покрај тоа, според експертите, синоќешниот концерт бил изведен на високо ниво, како во врска со старите хитови така и со песните од новиот албум А Бигер Бенг.
XS
SM
MD
LG