Достапни линкови

Колку граѓаните ги знаат ингеренциите на градоначалниците?


Дали граѓаните имаат потреба да се сретнат својот градоначалник? Повеќето од нив велат – не:

„Не сум имал потреба.“
„Јас немам стапено во контакт.“
„Бидејќи сме пензионери оставаме на помладите да ги решат проблемите.“


Но, има и такви кои имаат проблеми, па сметаат дека нив може да им ги реши само градоначалникот. Велат напишале петиција и чекаат состанок со него на кој ќе му ги постават прашањата кои ги мачат:

„Што ќе се случи со планираната изградба на Јужниот Булевар. БАрам конкретен одговор за да знам дали да си ја санирам куќата или не, затоа што Булеварот ми минува низ куќа.“

Конкретно тие испратиле петиција до градоначалникот на општина Карпош Андреј Петров но тој објаснува дека овој проблем не е во негова ингеренција туку за него треба да се обратат во градот Скопје. Градоначалникот вели дека секојдневно има средби со граганите дури и во термини кои не се предвидени за нив и бројка некогаш достигнува и над 20 луѓе на ден:

„Мислам дека сепак и ова што го правиме како отвореност со граѓаните можеби е крајност и треба да се направи и некоја селекција, затоа што има луѓе кои по неколку пати, по пет, шест пати доаѓаат упорно за една иста работа,“

вели Петров и додава дека граѓаните бараат од него решение на проблемите од областа на инфраструктурата, урбанизмот градежништвото и други работи, но најчест нивни проблем е вработувањето:

„Ние не можеме многу да помогнеме, но во рамки на можностите се трудиме да ги упатиме или да ги ангажираме во некои проекти.“

И градоначалникот на Битола Владимир Талески потврдува дека во секојдневни средби лугето најчесто од него барааат работа:

„Но најважно е што мислам дека голем дел од граѓаните не ги знаат ингеренциите на градоначалникот.“

Друг голем проблем на Битолчани потенцира тој се последиците од закочената децентрализација во неколку области

„Луѓето малку станаа нервозни. Месец и пол тешко се доаѓа до градежна дозвола. Имавме и инвеститори кои со пари дојдоа да купат дел од објектите и немаа кому да ги уплатат парите.“

Мерко Рамиз градоначалникот на Струга објаснува дека ситуацијата и во неговата општина е слична секојдневни средби, урбани проблеми но и таму најчесто прашање е како до работа:

„Пробуваме да отвориме нови работни места, како во приватниот и во општествениот сектор,“

вели Рамиз

Општиот и генералнен впечаток пак кој што владее мегу граѓаните е дека градоначалниците за сега се контактираат, но дека не секогаш им ги решаваат проблемите.
XS
SM
MD
LG