Достапни линкови

Пченицата ожнеана, пченицата во домашните амбари наместо во силосите


И оваа година пченицата е ожнеана, нивите се подготвени за следната сеидба , но најголемиот дел од производството наместо во силосите на мелничарите е сместена во домашните амбари, не дека така сакаат земјоделците, туку немаат друга алтернатива.

„Нас не најдоа во тесно. Нема каде да одиме. Сакал не сакал, сиромав човек, мелничарот ќе го уцени – дај ми го житото ќе ти дадам кеш пари и ќе му го земе наполу,“

вели Цветко Петрушевски земјоделец од село Белинбегово. И додека мелничарите остануват на ставот дека повеќе од осум денари не даваат за откуп на килограм пченица земјоделците тврдат, со таа цена неможеме да ги покриеме ниту основните трошоци за производство

„Пченицата ни остана, млинарите ни ја плаќаат. По 70 денари е литар нафта, не ни се исплаќа за жетва, за ништо. Не знам што да правиме. Само ѓубре се ствара, глувци раниме тука, па да подариме за риби ранење барем,“

е ставот на Горан Трифуновиќ. Незериозноста на владата кон проблемот наречен откуп на пченицата, неорганизираноста на земјоделците , непостоењето на минимална откупна цена или субвенционирање на земјоделството се главна причина зошто проблемите со пченицата ни се повторуваат секоја година.

„Баш им е гајле за земјоделецот. Нема заштитини цени, како ќе се снајдеш – така,“


е коментарот на земјоделсецот од скопско васко николовски. Со ниски откупни цени , со нередован исплата и наместо во пари со плаќање на откупената пченица во брашно и јајца неможе да се очекува Македонија да ги задоволи потребите со овој производ од домашно производство иако за тоа постојат природни услови:

„Нема помош од државата. Треба да дадеш за орање, ѓубре, жетва, па ако извадиш нешто за тебе…“

вели Трајко Николовски . се ќе биде подруго доколу тие што ги носат одлуките и ја кројат нашата судбина дојдат и видат како се произведува пченицата вели 75 годишниот Петрушевски.

„На мои години нека се качи некој од функционерите, па тогаш и 50 денари да му ја платиш пченицата – нема да се качи.“

Во Македонија годишно се произведуваат 300 илјади тони пченица. Од производството на овој производ живеат над 100 илјади фамилии, од нив најголемиот дел се наоѓаат на работ на егзистенцијата.
XS
SM
MD
LG