Достапни линкови

Газа: Израел го комплетира повлекувањето на еврејските доселеници


За три дена Израел речиси го комплетира повлекувањето на еврејските доселенци од Газа. Како што се јавува, останаа да се испразнат уште 4 од предвидените 21 израелска населба во Газа. Акциите на армијата не минува без потешкотии и судири со доселениците кои ја обвинија владата на Ариел Шарон дека се откажува од библијската еврејска земја. Од средата кога започна насилната евакуација уапсени се околу илјада демонстранти. Палестинците пак, како што изјави претседателот на палестинската власт Махмуд Абаз ги живеат деновите на историска радост.
XS
SM
MD
LG