Достапни линкови

Дали сунитскиот страв од федерализмот е оправдан?


Во Ирак се во тек политички битки за финализирање на новиот устав. Главна од нив е како да се уреди државата. Ирачките курди на северот и повеќето од шиитското мнозинство на југот се за федерално уредување. Но, сунитите во ценнтралниот дел на земјата страхуваат дека тоа би бил првиот чекор кон распаѓање на Ирак. Но, што всушност претставува федерализмот и дали сунитскиот страв од него е оправдан.

Ирачките политички лидери работат прекувремено за да го подготват новиот, демократски устав на Ирак и покрај дневните насилства на бунтовниците. Курдските преговорачи се решени во новиот устав да биде загарантирана автономијата што веќе де факто ја уживаат на северот на земјата. Шиитите пак кои се мнозинство од населението во Ирак исто така се залагаат за автономија. Единствен практичен пат за да се исполнат овие желби на курдите и сунитите е оној што води до федерализација на земјата. Мајкл Кларк, експерт по уставно право на Лондонскиот кралски колеџ објаснува:

,,Федерализмот е средство во земјата во која има мешано насление да им даде чувство на нивна сопствена автономија во една обединета структура. Тоа е многу корисен елемент за некои типови земји.”

Брендан Доноли, експерт од Лондон вели дека многу ќе зависи од тоа како ирачаните ќе ја прифатат предложената федерализација.

,,Прашањето е дали постои доволно чувство на единственост, на идентитет, на желба да се работи заедно. Јас не можам да ви дадам одговор и не верувам дека некој тоа може да го стори. “

Всушност четириесет насто од светската популација живее во разни видови на федерација. Најпознат пример на федерација се Соединетите Американски Држави. Но тука се и Швајцарија, Индија, Германија, Канада, Малезија и Австралија. Значи станува збор за добра форма на уредување. Меѓутоа, во исто време постојат примери каде што федерацијата не функционира баш најдобро. Катастрофалното распаѓање на Југославија и разнишаната унитарност на африканскиот гигант Нигерија се најдрастичните примери за тоа. Нигерија денес опфаќа околу триста различни етнички групи од муслиманска и христијанска вероисповед.

,,Нигеријците никогаш не ја најдоа формулата на федералната структура со која всушност се чува нивната различност во заедничка држава.”

Вели Мајкл Кларк. Па кои се ирачките перспективи како федерација. И Кларк и Доноли се категорични дека се зависи од желбата на страните да соработуваат. Колку е тоа можно ако се има предвид страхувањето на сунитите дека со евентуалната федерализација ќе бидат одалечени од поделбата на парите од нафатата. Имено, најголемите ирачки нафтени полиња се наоѓаат на југот и на северот на земјата, односно каде што мнозинство се шиитите и курдите.
XS
SM
MD
LG