Достапни линкови

logo-print

Големи летни распродажби


Плати две, земи три, се за 399 денари, или попуст 50% се само дел од рекламните пораки кои деновиве ги преплавија излозите на градските продавници. Пред крајот на летната сезона, големите распродажби се вообичаено секојдневие, а продавниците се преполни со купувачи кои се обидуваат да си купат нешто поефтино. Повеќето граѓани велат дека пазаруваат кога имаат потреба, независно од висината на цените:

,,Разгледувам по продавниците, ако нешто ми се допадне го купувам.”
,,Купувам кога имам потреба.”
,,Ако ми се допадне нешто купувам.”


Граѓаните се согласуваат дека е поисплатливо купувањето во време на попусти, иако и тогаш цените не се реални:

,,Сметам дека не се реални, пренадуени се.”
,,Не се многу намалени цените.”


Нема голема разлика од почетокот на летната сезона и сега, работа немаме иако ги намаливме цените на сите производи, раскажува една сопственичка на бутик.

,,На почеток имаше малку работа, ама сега еве сеуште стојат летните работи, прометот е катастрофа.”

Сепак во градот се наоѓаат и продавници во кои нема попуст на понудената стока. Вработените велат дека нема потреба од таква акција, зошто има потрошувачИ кои го одбираат квалитетот, а не цената:

,,Никогаш не сме имале, сме имале поефтини кошули.”
,,Имаме редовни муштерии.”


И некои од граѓаните велат дека повеќе им веруваат на поскапите производи.

,,Се што е ефтино е шкарт”
,,Сиромавиот два пати плаќа, марка си е марка.”


Граѓаните велат дека убаво се чувствуваат кога ќе најдат време за шопинг, додавајќи дека она што недостасува е подобар стандард на македонскиот граѓанин.
XS
SM
MD
LG