Достапни линкови

Државата ,,нема слух" за бизнисмените од дијаспората


Немање разбирање од страна на Владата, недостатокот на соодветна програма и пред се отустовото на контакт со бројната македонска дијаспора се главните проблеми поради кои и покрај нашите силни желби неможеме да инвестираме во нашата родна држава, ова е предупредувањето кое до Владата го упатуваат македонските иселеници, видни бизнисмени и стопанственици од Канада и Соединетите држави, кои сакаат да инвестираат во земјава. Претставници на македонските друштва и оваа година дојдоа во Македонија за да остварат контакт со Владата и од неа да побараат олеснување на административните и царинските процедури и одредени поволности за македонците од дијаспората кои би сакале својот бизнис да го прошират во државава:

,,Тука треба да функционира и правниот систем. Треба многу работи да се подобрат на дело, а не само со ветувања. Има многу наши иселеници кои имаат партнерства со многу фирми, така што вложување во републиката од Македонци ќе донесе и капитал од не Македонци,”

вели Драги Стојковски од организацијата ,,Обединети Македонци” од Канада. За негативниот однос на државата кон нивниот интерес да се вратат, да инвестираат и за свое но и за доброто на македонските граѓани, зборува и Борис Мангов, долгогодишен стопанственик од Канада чија фирма работи во областа на дрвната индустрија.

,,Државата не ги примше луѓето, дури не сакаше ниту да зборува со нив. Мојата фирма постои 40 години и и нудам на државата нешто што таа сега го зема од Словенија. Зошто државата не е способна да направи фабрика, може, ама не сака,”

потенцира Мангов.

Но и покрај барањата на македонските иселеници за одредени привилегии, од Министерството за економија велат дека за сите кои сакаат да инвестираат во земјава засега важат истите услови.

,,Се точките предвидени со закон, ова се поволностите, други не се предвидени и мислам дека ова се најдобри поволности,”

изјавува советникот на министерот за економија Исмаил Ебити. И додека Владата сеуште не се размислува за подобрување на условите за да ги привлече бројните македонски иселеници, тие предупредуваат дека нивна главна дестинација за вложување се почесто станува Ирска.

,,Покрај профитот за нив како стоанственици, тоа е профит и за Ирска,”

потенцира Македонецот од Канада, Стојковски.
XS
SM
MD
LG