Достапни линкови

Вашингтон: САД го отфрлија повикот на Путин за поставување рок за повлекување од Ирак


Соединетите Држави го отфрлија повикот на рускиот претседател Владимир Путин за поставување рок за повлекување на странските сили од Ирак. Путин својата идеја за повлекување ја објасни со наводите дека странските војници од повеќето ирачани се третираат како окупациски сили. Путин исто така побара до крајот на годинава да се одржи меѓународна конференција за Ирак. Стејт Департментот ја повтори изјавата на претседателот Џорџ Буш дека постувањето рок за повлекување од Ирак само ќе ги мотивира терористите.
XS
SM
MD
LG