Достапни линкови

Хаг: Статусна конференција за случаите Бошковски и Тарчуловски


о Хашкиот трибунал денеска ќе биде одржана статусна конференција за случајот против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, обвинети во врска со случајот Љуботен. На конференцијата, судиите, обвинителите и адвокатите треба да направат преглед на предметот, на преземените активности и на собраните докази. Предвидено е двајцата обвинети да се изјаснат за нивната здравствена состојба и за третманот што го имаат во притворот во Шевенинген. По статусната конференција, Судскиот совет треба да го закаже почетокот на судењето на Бошковски и Тарчуловски.
XS
SM
MD
LG