Достапни линкови

Нобеловата награда за мир годинава ќе биде доделена колективно на 1000 жени во светот


Нобеловата награда годинава ке биде колективно признание за илјада жени од целиот свет. Една од нив е и Хатиџа Мехмедовиќ, претседателка на Здружението на Мајките од Сребреница.

Хатиџа Мехмедовиќ, претседателка на Здружението на Мајкуте од Сребреница, е една од 7 жени од Босна и Херцеговина која оваа година ќе ја добијат нобеловата нагрда за мир . Тоа е колективно признание које овој пат ќе им биде доделена на илјада жени од целиот свет. Како Хатиџа реагираше на веста дека е номинирана за Нобеловатра Награда?

„Мислам , дека самата Нобелова награда е многу големо призание. Во нормално време беше многи добро признание, но имајки во предвид се што се случи во Сребреница, па и мене, навистина е малку тажна. Сепак благодарејки на добрите луѓе, не останав сама, бидејки гледаат , ценат и ја признаваат работата. Фала на луѓето.“

Оваа извонредно храбра жена одлучи седиштето на нејзината организација да биде во Сребреница. Борбата за вистината за Сребреница и грижата за секоја мајка, се главните причини поради кои ќе ја добие Нобеловата награда за мир, вели Хатиџа.

,, 10 години по сребреница ние сеуште не ја знаеме вистината за нашите најмили. Нашето Здруженије се грижи секоја мајка да ја дознае вистината. Јас секогаш зборував дека секоја мајка е иста, не се гледа ни на верата ни на бојата, а секое дете е дете“

Хатиџа се грижи за секоја мајка но и таа самата има доживеено трагедија во јули 1995 година

,, На 11 јули 1995 година ги изгубив двата прекрасни малолетни сина, мажот, двајцата браќа, нивните два сина и две ќерки. Минатат година го закопавме синот на мојата сестра, оваа година братот, а сеуште чекам да ги најдам моите деца и мажот. Не би го посакала ова никому, па ниту на тие кои ова ми го направија. Ниту едно дете не е виновно, па ниту на тој што ова го направи“

Мајките на Сребреница секојдневно се соочуваат со трагедијата, со тешкото и болната вистина. Дали вистината барем малку ја ублажува болката?

,,За геноцидот во Сребреница одговорни се Караџиќ и Младиќ, и ние мајките, семејствата, бараме што е можно попбрзо тие да се најдат пред лицето на правдата, бидејки на нас колку толку ќе ни олесно кога тие би одговарале во Хаг за своите недела , иако нашите деца веќе ги нема“

Неболовата награда за мир, како што вели, Хатиџа ќе биде само дел од признанието за она што го прави за да се одолжи на најмилите.
XS
SM
MD
LG