Достапни линкови

Дваесетина скопски автопревозници сакаат своја автобуска станица


Утринава влезните и излезните патишта во Скопје беа блокирани од страна на автопревозниците од Скопје, предводени од транспортното прептријатие „Пролетер“. Штрајкот продолжи пред градското собрание. Ова претпријатие на кое му се предружија уШте 10-тина, бара укинување на одлуката на град Скопје за постоење на само една мегуградска автобуска станица и очекуваат да им биде одобрена времена локација за нова станица.

„Ние направивме здружение на сите скопски транспортери. Бараме од Градот да ја укине одлуката за постоење само на една автобуска станица во Скопје и бараме да се одобри локација за изградба на нова.“

Како причина за некористењето на новата мегуградска станица надлежните од Пролетер наведуваат дека не сакале да бидат дел од монополските цени на новата станица.

„Градот прави приватен монопол и не можеме да опстанеме во ваква конкуренција“

потенцира Ацо Николовски од Пролетер.

Денешната е трета блокада на автопревозниците од Скопје, кои бараат изградба на нова автобуска станица. Без разлика на оправданоста на причините, најзасегнати од честите протести кои се одржуваат во главниот град, се оние најмалку виновните граѓаните. Затворени улици, сообраќаен хаос, во конкретниот случај и нередовен автобуски превоз за лугето кои ги користат услугите на Пролетер, чекање со часови, се дел од проблемите кои ги трпат граганите при секое одржување на штрајк. Имаат разбирање кон оние што проблемите ги натерале да излезат на улица, но повекето грагани сметаат дека јавните собири треба да бидат организирани за да не трпат недолжните.

„За нив оправдано, ама народот трпи, трпат недолжните.“
„Се блокира целиот град, требало порано да земат дозвола, а не сега.“


Реагираат граганите. Од Министерството за внатрешни работи велат дека одржувањето на протести согласно законсктие прописти мора да биде најавено, а тие можат да реагират за прекинување на штрајкот но само во согласнсот со меѓунардоните договори за непречено одвивање на сообракајот.
XS
SM
MD
LG