Достапни линкови

logo-print

Приведени две лица осомничени за нападот врз полициската станица Бит Пазар


Речиси еден месец по нападот врз полициската станица Бит Пазар полицијата завчера приведе две лица кои се осомничени дека ја поставиле бомбата а против лицето Шити Рамадан, државјанин на Косово кој избега од истражниот затвор во Шуто Оризари е распишана мегународна потерница под сомнение дека е иницијатор на нападот

,,П.Р. и Ф.А. во наведеното време дошле до полициската станица. Прво наведениот чувал стража, второ наведениот влегол внатре, значи успеал да се прикраде и на платото од терасата, значи од северната страна ја поставил експлозивната направа, ја активирал со спорогоречки фитил и детонаторска каписла што му овозможило доволно време да побегне од местото на настанот. Според информациите со кои располагаме биле употребени 3 до 5 килограми ТНТ експлозив,”

вели Горан Павловски шеф на кабинот на министерот

Експлозив од типот ТНТ бил пронајден и во домовите на осомничените при претресот кој МВР заедно со истражен судија го извршиле вчера.

,,Кај двајцата е пронајден експлозив, а кај едниот од нив пронајден е и пиштол, а и други елементи со кои се формира експлозивна направа од истиот тип.”

Од МВР пак велат дека според нивните сознанија мотивот за нападот на полициската станицата Бит Пазар е одмазада и немаат информации за евентуална поврзаност со гранатирањето на станицатата во Вратница:

,,Што се однесува до мотивот, нарачателот и иницијатор е Рамадан Шити, од она што до сега полицијата го има сработено, понатаму истражниот судија ќе утврдува и не би сакале со нешто да ја попречиме истрагата.”

На осмоничените им е одредена мерака притвор од 30 дена, а од министерството велат дека при приведувањето не е употребана сила и дека двајцата осомничени не пружиле никаков отпор.
XS
SM
MD
LG