Достапни линкови

Израелски војници насилно ги евакуираат жителите што сеуште не ја напуштиле областа


Вестите од светот ги започнуваме со настаните на Билскиот Исток.м Израелската армија денеска започна со присилна евакуација на еврејските доселеници во Газа.

Во Неве Деклаим најголемата еврејска населба во Газа денеска влегоа стотици израелски војници за насилно ги евакираат оние населеници кои не ја напуштија областа согласно утврдениот рок. Голем отпор немало иако некои од доселениците се забаракидараа при што војниците употребија сила. Израелските трупи влегоа во уште неколку други населби во регионот. Армијата соопшти дека половината од околу 8.500 доселеници во Газа веќе ги напуштиле своите домови. Премиерот Ариел Шарон изјави дека повлекувањето од 21 населба во Газа и 4 од Западниот Брег, по 38 годишната окупација и населување на овие простори, сега е неопходност за безбедноста на еврејската држава. Доселениците ја обвинија владата дека се откажува од библиската еврејска земја на која палестинците треба да формираат своја држава. Во бегалскиот камп Кан Јунис славеа припадниците на палестинското движење Хамас.
XS
SM
MD
LG