Достапни линкови

Багдад: Над 40 загинати во три експлозии на автомобили бомби


Над 40 луѓе загинаа, а 76 се повредени во денешните три експлозии на автомобили бомби во Багдад. Првите две симултани експлозии се случиле на автобуска станица, а третата во близина на една болница, каде што биле носени повредените од првите инциденти. Ова е најтежок инцидент во Багдад во последниве месеци. Во меѓувреме, во близина на Киркук 6-мина ирачки војници биле убиени во напад на бунтовниците врз нивното возило.
XS
SM
MD
LG