Достапни линкови

logo-print

Македонските земјоделци веќе ги чувствуваат последиците од царинските стапки


Проблемите од неодамнештно воведување на царински стапки за извоз на Косово, веќе почнаа да се чувствуваат меѓу производителите од земјава, а со тоа и во домашната економија. Царината од осум проценти за земјоделските производи што се извезуваат на Косово, најдиректно ги погоди во текот на сезоната, македонските земјоделци. Во и онака тешката ситуација во која се наоѓаат велат дека ова е дополнителен удар за нив. Тони проиведени земјоделски култури скапуваат во складиштата, трговците кои ги откупуваа проиводите поради неповолната царина ги откаажаа услугите, а како резулатат на тоа падна и цената, револтирано реагира Ванчо Митев од „Екоградинар“ од Струмица здружение за проиводство на земјоделски култури.

„Трговците ги раскинаа зделките таму. Има додатни трошоци и од тие причини и пиперките и доматите се поефтини. Нема побарувачка од Косово.“

Според пресметките на здружението на земјоделци за само неполн месец изгубен е пазар во кој македонските земјоделци извезуваа околу 25% од своите производи. Во моментов бараме излез од ситуацијата за да се обидеме да издејствуваме враќање на старите царински стпаки, вели Митев.

„Бараме од државата да направи нешто. Ние немаме излез освен правење штрајкови, но од тоа нема ништо, па бараме да се врати стапката од еден насто.“

Косовскиот е втор по големина Пазар по оној во Србија и Црна Гора во кој извезуваат нашите земјоделци. Освен актуелниот проблем со косовските царини, земјоделските производители од државава се жалат дека поради немањето стратегија од страна на државата, полека се губат и останатите пазари.

„Не само Косово. Ние полека ги губиме сите пазари. Годинава најголеми партнери за нас беа Србите. Ако ова со Вранишковски се одрази, е тогаш веќе ќе биде готово. Истото се случува и со Босна и таму веќе пазарот е изгубен. Едноставно Турција за нив е поинтересна. Немаат бариери. Исто и во Хрватска. Нема на кои врати не сме биле, но разочарани се. Властите се менуваат, сите ветуваат, но брзо забораваат,“

изјавува Данил Паланчов од земјоделската компанија „Агроунија“.
XS
SM
MD
LG