Достапни линкови

logo-print

До 2007 Македонија ќе има мала професионална армија


Во пресрет на одбележување на тринаесетгодишнината од формирање на македонската армија може да се каже дека вистинските реформи започнаа пред три до четири години, оценуват познавачите на оваа област. Според нив во 2007 година може да се очекува заокружување на процесот на реформи во делот на човечки ресурси, што подразбира мала, ефикасна професионална армија, а во наредните пет години ќе се воспостави едно задоволително ниво и во техничко-технолошкото опремување на армијата:

„Бројната состојба на активниот дел е сосема намалена. Таа е веќе десетина илјади и се приближува на осум илјади, според НАТО стандардите. Резервниот состав, од фантастични 50 илјади е намален. Значи бројчаниот дел, согласно ваквата определба, мислам дека за 2006 или 7 ќе се заокружи комплетно. Се надевам дека нашите пријателски земји ќе помогнат за техничката опременост,“

изјави Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана во самостојна Македонија кој додава дека во техничко технолошка смисла ке треба постојано да се следат новините.Сега, објаснува Гоцевски, Гоцевски АРМ е реструктурирана да даде одговор на најновите закани и во нејзини рамки има една единица за учество во надворешни мисии, наши војници веке се дел од меѓународни мисии, а втората е за решавање на заканите што се појавуваат врз територијата на земјава. Освен ова Македонија има обврска согласно со рамковниот договор, во рамки на армијата да има припадници на заедниците

„Во склоп на тие осум илјади што треба да останат 2007, одреден број од македонската заедница, поради таква политика е дојдено во ситуација да се појавуваат како вишок. Но, определбите дека во 2007 ќе има не повеќе од осум илјади луѓе, во склоп на тоа е и интенцијата 25 насто да биде застапеноста на албанската заедница, односно според пописот да бидат застапени и другите заедници во Република Македонија,“

вели заменик министерот за одбрана Талат Џафери
XS
SM
MD
LG