Достапни линкови

Газа: Продолжува евакуацијата на еврејските доселеници


Израелската војска ја продолжува дистрибуцијата на наредбите за евакуација на еврејските доселеници од Појасот Газа. Израел вчера, по триесет и осум годишна окупација, го почна повлекувањето од Газа. Израелското радио јави дека веќе целосно се напуштени пет од дваесет и едната населба во тоа подрачје. Дослениците треба доброволно да ја напуштат Газа до полноќ или во спротивно ќе се соочат со насилна евакуција од страна на армијата.
XS
SM
MD
LG