Достапни линкови

logo-print

Израел го започна историското повлекување од Појасот Газа


Израел на полноќ го започна историското повлекување од Појасот Газа. По триесет и осмо годишно населување на овој регион изреалските власти од денеска го прогласија илегално секое присуство на евреите таму. Во меѓувреме, мирни протести на оние што најавија дека нема да ги напуштат нивните домови.

Пунктот на преминот Кишум каде што се наоѓа најголемата група израелски населби во Појасот Газа беше затворен на полноќ со што и официјално започна операцијата за евакуација на доселениците од таа област.

,,Ноќва ја затворивме влезната врата за Појасот Газа. Од овој момент, со закон е забрането влегувањето и престојот на Израелците",

соопшти генералот на израелската армија Гај Тур, додавајќи дека израелски војници во наредниве два дена ќе ги замолат доселениците кои останале таму да заминат со нив. Илјадници израелски војници од врата на врата им врачуваат на доселениците наредби за евакуација. Доколку тие тоа не го сторат до среда, тогаш дослениците ќе бидат преселени со употреба на сила. Во наслебата Нев Декалим, стотици доселеници ги блокираа премините со цел да го спречат влегувањето на војниците.

,,Демонстрирам поради кршењето на израелските и меѓународните закони, на етиката и на човековиот поредок во светот."

Изјави еден од доселениците. Истовремено со официјалното почнување на повлекувањето дојде и до поситни инциденти меѓу армијата и оние што не сакаат да ги напуштат куќите во Појасот Газа. ,,Војската со години ги бранеше населбите во Газа со чувство дека исполнува мисија од национално значење. И сега на ист начин војската ќе реагира, обидувајќи се да ги подели страдањата на жителите на Газа,, се наведува во соопштението на израелскиот генерал Дан Харел. Од друга страна, доселениците кои не сакаат да го напуштат регионот ги излепиле своите влезови со порака до војниците дека доколку ги истераат од нивните домови ќе извршат најстрашно злосторство во историјата на Израел. ,,Ние никогаш нема да си одиме од тука,, стои во пораките. Повеќе од осумте илјади еврејски доселеници во Газа аплицираа за државна компензација за нивно преселување.
XS
SM
MD
LG