Достапни линкови

logo-print

Македонско – грчката економска соработка зголемена


Познатите светски брендови Адидас, Том Тејлор, Топ шоп , Роби ди Капа и многу други некои свои колекции ги произведуваат во Македонија, во Гевгелија и во Велес. За нив работи фирмата со мешовит македонско грчки капитал Дидотекс која во своите фабрики има вработено 460 луге. Сотир Ампов косопсвеник во фирмата вели дека соработката со грчките партнери е добра а фактот што мора да го прифатиме е дека Грција заедно со Италија е најголем инвеститор на Балканот. Но, тој ги потенцира и недостатоците кои што ја отежнуваат работата:

,,Пресложената царинска процедура, којашто сметам дека со серијата иницијативи преку стопанската комора, се направија битни измени во царинскиот закон.”

Новиот закон ке почне да се применува од 1 Јануари 2006 година и од него Ампов очекува големо олеснување на процедурата за извоз

,,Пред се на планот на намалување на трошоците и скратување на времето на процедурата.”

Економскиот експерт Димитар Богов го потврдува фактот дека македонско грчката економска соработка се подобрува особено во последниве пет години и додава дека и извозот на македонија во Грција е двојно зголемен .Според него тоа се должи токму на фирмите за текстил како Дидотекс затоа што грчките партнери инвестираат во тој сектор дури и дел од производството го пренсуваат кај нас. Потоа истите производи се извезуваат во Грција и другите земји од Европската Унија.

,,Тоа е позитивно и за Македонија, затоа што има голем број работни места отворени во текстилната и прехрамбената индустрија”

вели Богов и додава дека покрај во оваа област Македонија може да биде конкуретна на грчкиот пазар и со други работи

,,Тука е и туризмот каде што треба да се зголеми понудата на грчкиот Пазар. Треба да се понуди и квалификувана работна сила.”

Според податоците на Националната агенција за статистика на Грција и Еуростат во првите шест месеци од годинава извозот на Македонија во Грција е зголемен за 28 милиони евра, а на Грција за 4.7 милиони евра.
XS
SM
MD
LG