Достапни линкови

Конечно можност да се дојде до вработување преку Интернет


Вработување.ком.мк е интернет страна преку која невработените бесплатно може да се пријават за работното место за кое се заинтересирани, а фирмите на кои им е потребен стручен кадар да го побараат во списокот објавен на истата страна. За осум месеци оваа веб страна ја посетиле повеќе од 115 000 илијади луѓе.

Некои од нив имале среќа и со помош на својата испратена биографија добиле понуда за работа и набргу потоа се вработиле.

,,Самата веб страна ги има сите прашања интересни за работодавачите. Секој којшто е малку компјутерски писмен може многу едноставно да одговори на прашањата,”

вели Јован Маџовски, консултант за човечки ресурси во Вработување ком.

Тој вели дека страната нуди многу информации за слободните работни места. Маџовски раскажува дека не ретко добиваат писма од голем број посетители на страната кои прашуваат најразлични работи.

,,Најчесто се технички прашања, се обидов да направам ова, но не успеав, значи како да направам,”

вели Маџовски

Дел од младите кои ги прашавме дали некогаш побарале работа преку интернет ни одговорија:

,,Никогаш не сум барала работа преку интернет, не знам како функционира тоа.”
,,Знам дека може, ама не знам како и каде.”


Повеќето се сомневаат во регуларноста на овој процес на вработување.

,,Колку запослуваат туѓи луѓе, има многу непотизам.”

А има и такви кои никогаш немале потреба да бараат работа преку интернет, зошто истата ја добиле на поедноставен начин.

,,Имаме приватна фирма.”
,,Преку пријатели, преку роднини.”


Од агенцијата за посредување при вработување велат дека овој начин на барање работа станува се попопуларен, како за младите невработени така И за работодавците кои со само едно прелистување на кандидатите кои оставиле своја биографија на страната, имаат можност да ги одберат потенцијалните работници.
XS
SM
MD
LG