Достапни линкови

Иван Вејвода, извршен директор на Балканскиот фонд за демократија-проект на германскиот маршалов фонд. Генерално целиот балкански регион се движи во добар правец


Деновиве медиумите во Македонија го пренесуваат ставот на премиерот Бучковски, според кој, земјава треба да биде себична, да ги штити своите интереси во врска со финалниот статус на Косово, а меѓу другото вели не можеме да замижуваме пред фактот дека независноста на покраината е прашање на ден. Како тоа според вас може да влијае на односите Скопје – Белград?

Пред се би рекол дека е генерална начелна работа на политиката, на државната и мегународната политика да се раководат од интересите во смисла на добро сфатен интерес дали е државен, национален, општествен или регионален и во таа смисла не гледам ништо невообчаено во таа изјава бидејки државната политика се води на тој начин. Друго што треба да се каже е дека е важно со оглед на идниот статус на косово сите како регион сме вклучени во тоа прашање и тоа не е исклучиво прашање на Белград и Приштина или на мегународната заедница, туку дека сите земји се заинтересирани пред се да се најде едно стабилно решение кое ке овозможи траен мир и развивање на добри односи во регионот и мислам дека ако попзитивно ја толкувам оваа желба за себичноост тоа е исклучиво од себичност на регионот кој сака овде да види решавање на тие прашања. Што се однесува до оценката за независноста за тоа просто самиот процес ке даде одговор кој ке биде идниот статус, сега го очекуваме извештајот на Каи Аиде норвешкиот амабсадор кој мислам дека ке даде зелено светло за преговори, но мислам дека критички ке се осврне на според некои загрижувачката состојба во врска со стандардите на Косово.

Значи сметате дека тоа нема посебно негативно да влијае на односите Белград – Скопје?

Знаете што веројатно спомнувањето на независнот ке предизвика некакви реакции, но од друга страна станува збор за еден целокупен процес каде е важно да разбереме што ни е конечната цел на сите нас, а тоа секако е влез во Европската унија, евроатлантските интеграции, кои секако ке го дадат конечниот иден статус на сите нас, во Европа.

Во врска со прашањето за демаркација на границата во делот со Косово, според вас кога треба да се затвори ова прашање, пред или по утврдувањето на статусот на Косово? И ако тоа треба да се стори пред финалниот статут кој би требало да биде партнер на македонската влада?

Јас мислам дека е важно тоа прашање дефинитивно да се реши бидејки границите се во оваа ситуација тврди, а знаеме дека ке станат меки граници кога еднаш ке бидеме во Европската унија, значи мора да ја поминеме таа фаза на јасна демаркација. државите македонија и Србија и Црна Гора, односно Сојузна република Југославија потпишаа договор, автономната покраина косово е под раководство на Обединетите нации и според тоа таму тие се сега влада. Мислам дека е прашање на мегунардни и правни експерти од двете држави да најдат разумно и прифатливо решение кое ке ги задоволи потребите на трајна стабилност.

Во последно време актуелен е случајот Вранишковски. Како го коментирате. Познавачите на приликите велат дека тоа е мешање во внатрешните работи на Македонија, претставниците на државниот врв велат дека одлуката за затворската казна е судска и не можат да интервенираат и дека барањата од српска страна се некоректни од таа страна?

Трендовите на демократските модерни држави се дека судската, и извршната и законодавната власт се одвоени, како што се одвоени црквата и државата што е голема придобивка од демократските револуции од 18 век, и мислам дека тука почнува и завршува она што е клучно околу ваквите расправи. Секако не е добро да се зголемува температурата во мегусебните соседски односи, а уште повеке поради фактот што односите мегу Македонија и Србија и Црна Гора се одлични и се развиваат добро, резултатите се добри, економската соработка како и сите други видови се на високо ниво, и ова не помага на нашето прифакање на европските вредности. Со оглед на тоа сите оние гласови кои заговараат наогање на решение кое ке биде прифатливо, пред се за Македонија и потоа да се уважат она што се некакви традиции и вредности, пред се имајки ја предвид потребата за стабилност и понатамошно развивање на тие односи, мора да најдат место наспроти оние гласови кои се обидуваат и понатаму да ја подигнат температуарта и да го претстават тој проблем како да ги детерминира нашите односи. Тоа е едно од нерешените паршања и мислам дека демокартски избраните власти во двете земји ке знаат да изнајдат прифатливо решение.

Значи ли тоа дека според вас овој случај не треба да влијае на меѓусебните односи и дека тоа треба да се реши меѓу двете цркви?

Токму така, во некоја смисла и затоа не гледам на ова како на нешто што драматично може да ги загрози, доколку сите релевантни актери ја имаат предвид потребата да продолжат одличните односи кои се развивани во последните неколку години.

Кои се вашите проценки, кога може да се очекуваат затварања на прашањата на Балканот?

Јас мислам генерално дека регионот се развива во добар правец во оваа општа смисла. Значи излеговме, во целиот регион, од период на постконфликтна во развојна ситуација, во општа смисла економски, општествен, регионален развој. Тие наши регионални односи и тоа како внимателно се набљудуваат од ЕУ каде што токму добрососедската соработка, взамената помош на патот кон Унијата е нешто што се цени И е подеднакво важно како и она што се прави на внатрешен план, како демократски, економски, правосудни реформи кога не оценува Европската комисија и Советот на министри. Јас мислам дека регионот реално може во следната декада да биде во Европската унија само прашање е кои прогнози ке се остварат дали тоа ке биде 2015 или пооптимистички 2012 или оние песимистички по 2015 тоа и не е толку важно колку што е важно да станеме земји кандидати. Македонија како што знаеме веке во ноември има шанси да добие статус на кандидат и мислам дека е клучен момент за неа, но и за сите други земји да влезат во таа фаза, бидејки тоа е предворие на членството, затоа што кога сте кандидат сте вклучени И институционално поврзани во она што е ЕУ, добивате полна количина на помош за реформи и значи дека сте на добар пат. Би било добро Србија и Црна Гора тоа го постигнат кон крајот на 2007, почетокот на 2008. И не треба да се заборави НАТО кој е многу важен фактор сите земји пред се да станат членки на Партнерството за мир, каде треба да се вклучат Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора да се придружат на Македонија, Хрватскаи Албанија и потоа сите заедно, а се разбира и поединечно внатре да работат на членство кое може да се случи веке во 2008 година како што се споменува. И секако прашањето за референдум што се очекуав спиоред најавите од Црна Гора да се одржи на пролет, дали ке се одржи или не ке видиме, но треба што поскоро да се разјасни тој однос на демократски, мирен начин за побрзо да се оди кон евроатлантските структури.

Во овој контекст во медиумите во регионот имаше информации за балкански пакет кои велат заеднички влез во НАТО и ЕУ на Хрватска, Србија, Македонија, а можеби и Босна?

Тоа е секако нешто за што се зборува меѓутао веднаш треба да се каже, и тоа е правило на европската унија и сето она што сме го гледале при претходните проширувања на унијата, дека секоја земја се движи со своја брзина, благодарејки на своите заслуги во реформите и дека Европа не може да го запре некој кој се движи побрзо. Од друга страна ако реално политички гледаме, сите проширувања на Унијата, освен случајот со Грција во 1981, беа во некои групни вклучувања. Како ке биде ке зависи од однесувањето на избраните влади И како тие ке го исполнуваат мандатот. Тешко е во овој момент да се процени дали тоа ке се случи во пакет или не, но многу брзо, веке во текот на наредните12 месеци, посебно кога е НАТО во прашање, ке видиме како ке се развиваат работите.
XS
SM
MD
LG