Достапни линкови

Техеран: Новиот ирански претседател го соопшти составот на новата влада


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинадџад денеска пред парламентот го соопшти составот на новата влада, во која влегуваат повеќе конзервативни политичари. Иранскиот парламент има рок од една недела да ја разгледа листат од 21 министер пред да гласа поединечно за секој од нив. За министер на нафтата претседателот Ахмадинадџад го предложи градоначалникот на техеран Али Саедлу кој е малку познат во нафтените кругови. За министер за надворешни работи е предложен конзервативниот пратеник и поранешен амбасадор во Јапонија и Турција Манучехер Мотаки, додека за министер за внатрешни работи некогашниот заменик за разузнавачки прашања Мустафа пур Мухамади.
XS
SM
MD
LG