Достапни линкови

logo-print

Киргистан: Независна надворешна политика основна цел на новиот претседател


Новиот претседател на Киргистан Курманбек Бакијев при неговата инагурација изјави дека на ова азиска земја, која на своја територија има американски и руски воени бази, основна цел ќе и биде независната во надворешната политика. Киргистан нема да се претвори во место на кое некој друг ќе ги остварува своите геополитички интереси. Ние ги почитуваме интересите на другите народи, но најважен интерес на нашиот народ и земја, се слободата и независноста на Киргистан, истака Бакиев.
XS
SM
MD
LG