Достапни линкови

logo-print

Багдад: Најмалку шестмина американски војници загинаа во одвоени инциденти


Најмалку 6 американски војници загинаа во одвоени инциденти во Ирак, соопшти денеска американската војска. Во краткото соопштение, војската наведува дека тројца војници загинале а еден бил повреден во експлозија на нагазна мина во близина на местото Туз Кормато, 150 километри северно од Багдад. Во Западен Багдад пак еден војник загина а еден е ранет при експлозија на бомба. Околу 250 километри од Багдад еден војник загинал а тројца биле ранети исто така во експлозија на нагазна мина , соопшти американската војска. Во соопштението уште се додава дека во петокот бил пронајден убиен војник, но притоа не се наведува каде е најдено неговото тело, ниту дали бил убиен при напад.
XS
SM
MD
LG