Достапни линкови

Хавана: Фидел Кастро денеска слави 79 роденден


Кубанскиот претседател Фидел Кастро, кој веќе 47 години е на чело на оваа држава, денеска го слави 79-от роденден, но како што е најавено, нема да биде организирана официјална прослава. Кастро својот роденден вообичаено го одбележува во неформална атмосфера, понекогаш делејќи ја тората со децата. Тој дојде на власт на 1 јануари 1959 година, по симнувањето на диктаторот Фулгенсија Батисте.
По овој повод, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Адам Ерели го повтори ставот на САД дека на Куба и се неопходни политички и економски промени, велејќи дека „Кубанците заслужуваат демократско водство секоја ден во годината". Кастро, и покрај гласините за нарушено здравје, и понатаму ја води државата и е неприкосновен лидер.
XS
SM
MD
LG