Достапни линкови

logo-print

Прага: Ризикот од терористички напади во Чешка го зголемува албанската мафија


Експерти за тероризам оценуваат дека ризикот од терористички напади во Чешка се зголемува, како и присувството на добро организирана косовско - албанска наркомафија со кои се поврзани некои исламстички терористички групи, објави денеска чешкиот весник „Право". Весникот пишува дека уште во 1998 година е постигнат договор помеѓу некои албански политички и верски лидери и претставници на ирански и ирачки револуционерни гарди, преку Албанија и албанските студенти во тогашна Чехословачка да се подготви терен за терористички операции. „Криминалците од организираните групи се во состојба за одредена сума пари да подготват и спроведат напад", ја оцени можноста за поврзаност на терористите и наркомафијата во Чешка портпаролот на безбедносната информатива служба Јан Шуберт за "Право". Весникот до разузнавачките служби и Националната централа за борба против наркотици им предал список од околу 100 имиња на припадници на исламски радикални групи и албанската мафија, кои, според извори на весникот, ја разгледуват можноста за терорситички напади во Чешка.
XS
SM
MD
LG