Достапни линкови

Сиетл: Државата Вашингтон прогласи вонредна состојба поради пожарите


Гувернерот на американската држава Вашингтон, Кристин Грегоар, прогласи вонредна состојба поради огромниот пожар кој се уште е надвор од контрола. Нејзината одлука била донесена доцна синоќа, откако во пожарот кој беснее во југоисточниот дел на државата изгореа околу 12.500 хектари земјиште и стотина објекти. Се смета дека причината е едно дрво кое паднало врз електричен вод, минатата сабота. Засега, огнената ситихија е локализирана околу 40 насто и со неа се борат 1.600 пожарникари. Грегоар ја извести Националната гарда дека може ќе побара помош од нив за гасење на сите пожари. Во четвртокот во оваа држава избувнаа уште неколку други пожари предизвикани од молњи.
XS
SM
MD
LG