Достапни линкови

Њујорк: Најавени протести против израелското повлекување од Газа


По повик на коалицијата Ерец Израел, во која влегуваат здруженија како Ционистичката организација во Америка, во Њујорк, Вашингтон, Мајами, Атланта, Бостон, Чикаго и Сан Франциско за денеска и за утре се подготвуваат протестни демонстрации со молитви, пред амбасадата и конзулатот на Изрел против планираното повлекување на Израел од Појасот Газа, кое треба да почне идната седмица. Протестен митинг е најавен и за в вторник во близина на зградата на ОН во Њујорк, додека во Вашингтон протестантите ќе се соберат пред Амбасадата на Израел.
„Протестните демонстрации се со цел да се обидеме да влијаеме на нашите еврејски лидери во Изрел во тој фатален час да го сменат мислењето и да го анулираат погубниот проект“, изјави Давид Романоф, претседател на Сојузот за Ерец Израел.
XS
SM
MD
LG