Достапни линкови

Вашингтон: САД ги предупреди граѓаните да не патуваат во Израел


По повод претстојното израелско повлекување од Појасот Газа и од дел од Западниот брег, Стејт Департментот го повтори предупредувањето до своите граѓани да се воздржуваат од секоја непотребна посета на овој регион и да ги избегнуваат патувањата во Израел.
„На луѓето од САД им се советува да го избегнуваат метежот, да бидат многу будни и внимателни на јавни места и додека го користат јавниот превоз. Оние што се противат на повлекувањето би можеле да учествуваат во протестни акции кои евентуално би предизвикале насилство", се наведува во соопштението од Стејт депарментот што го пренесоа израелските медиуми. По повеќе од четири години насилство, Израел планира да евакуира над 8.000 еврејски доселеници од целиот појас на Газа и дел од Западниот брег, регион чија окупација траеше 38 години. Американските власти исто така предупредија дека во градовите кои се граничат со ова подрачје би можеле да избијат протести, со претпоставка дека и светите места во Ерусалим би биле место на насилство.
XS
SM
MD
LG