Достапни линкови

Багдад: Најмалку 15 загинати во нападот во близина на ирачка џамија


Најновиот биланс од нападот врз америкаските воени сили што се случи синоќа во близина на џамија Ибн ел - Џавзи, западно од Багдад е 15 загинати и 17 ранети Ирачани, меѓу кои и осум деца, соопшти Мунем Афтан директор на болницата во Рамади. Жителите од градот Насаф, во близина на Рамади, изјавија дека американски оклопен транспортер отворил оган во близина на Џамијата Ибн ел - Џавзи, врз верниците кои се враќале од молитва. Американскиот воен портпарол Џефри Пул ги отфрла информациите дека американската војска отворила оган врз цивилите. Според него, инцидентот се случил во подрачје каде што немало населби, ниту џамии. На инцидентот кај џамијата и претходела експлозија на бомба во близина на американскиот воен конвој во околината на Рамади.
XS
SM
MD
LG