Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Кондолиза Рајс го осуди убиството на шефот на дипломатијата на Шри Ланка


Државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс го осуди денеска убиството на министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Лакшман Кадиргамар, и го оцени како „бесмислен акт и брутален чин на тероризам". Таа го повика населението на оваа земја да не дозволи смртта на 73-годишниот шеф на дипломатијата да ја обнови граѓанската војна. Министерот беше убиен синоќа со седум истрели во глава и во градите, близу до својот дом во Коломбо. Тој почина малку подоцна во болница и покрај едночасовните напори на четворица лекари да го спасат. Рајс, која за последен пат се сретнала со Кадиргамар во јуни, минатата година, изјави дека е шокирана од неговата смрт и побара неговите убијци да бидат изведени на суд.
Таа го опиша овој дипломат како „човек достоен за чест и за почит бидејќи го посветил животот на постигнување мир во Шри Ланка".
XS
SM
MD
LG