Достапни линкови

logo-print

Најмногу од илегалниот тутун од ЕУ доаѓа преку Балканот


Зголемувањето на шверцот со цигари во Европа и транснационалниот организиран криминал. На ова се однесува последното истражување на Џејнс Интелеиџенс Ривју во врска со изворите и патиштата на илегалните цигари во Европа.

Европските влади прогресивно ги зголемуваат давачките за цигарите со цел да го намалат пушењето во нивните земји. Тоа пак, придонесува криминалните групи да го зголемат снабдувањето на тие земји со поевтини шверцувани цигари. Примарен европски пазар им е Британија каде што една кутија од дваесет цигарите сега чини од четири до пет фунти. Легалната потрошувачка во Британија лани изнесуваше седумдесет и две милијарди цигари, што е за две милијарди помалку од претходната година. Но, според Бритиш Америка Тобако, приближно триесет насто од цигарите и седумдесет насто од тутунот што се консумираат во Британија се без платен данок што придонесува за годишна загуба во буџетот од околу две ипол милијарди фунти. Најмногу од илегалниот тутун во Европската Унија доаѓа преку Балканот, а парите добиени од тоа се перат во странски банки. Постојат многу патишта преку кои оди сиот бизнис. Еден од нив е оној преку фри шоповите со легално произведените цигари, додека другиот е оној со нелегалното производство. Имено, како што се наведува во текстот на Џејнс Интелиџенс, постоеле извештаи за илегални ноќни смени по фабриките за цигари во Македонија, Бугарија и Косово при што се произведувале цигари за шверцување. Освен вакви има и таканаречени фалсификувани цигари. ,,Она што го гледаме на пристаништата во Бургас и Варна се контејнери полни со фалсификувани цигари од Дубаи. Но Дубаи е само транзитен центар. Веруваме дека овие цигари потекнуваат од Кина,, вели еден бугарски полицаец. Според надлежните органи, многу од големите играчи со шверц на цигари на Балканот влегле во овој бизнис од потрадиционалните форми на организиран криминал како шверцот со дрога и оружје. Имено, илегалната трговија со цигари може да биде исто така исплатлива како и онаа со хероин, но со помал ризик. Само неколку земји шверцот со цигари го третираат како сериозен криминал. Затоа тој е атрактивен начин за реинвестирање на црните пари во поуспешни видови криминал. Во некои балкански земји и со инволвираност на некои владини претставници, се наведува во текстот во кој се додава дека во повеќето случаи шверцот со цигари низ Европа го контролираат србите, црногорците и албанците. Како и да е, резултатите од едно истражување во Британија покажаа дека многу од потрошувачите на шверцувани цигари не сметаат дека шверцерите се криминалци. Типичниот одговор е: Тие ми прават услуга. Ми продаваат поефтино. Од набавувачката страна пак, богатите и добро организирани криминални банди на Балканот се привлечени од ваквиот доходовен и релативно безопасен бизнис. Или како што вели еден претставник на спроведувањето на законите на Балаканот: Она што некогаш некои луѓе од нашиот бизнис го забораваат е тоа дека на сите ќе ни биде подобро ако сериозните криминалци од трговијата со дрога, оружје и луѓе се префрлат на шверц со цигари, пишува во текстот на Џејс Интелиџенс Ривју.
XS
SM
MD
LG