Достапни линкови

Работата најдобро се завршува рано наутро


Поради годишните одмори во летниот период од годината, намален е бројот на граѓани кои чекаат пред шалтерските служби. Нема гужви и турканици, но од друга страна пак намален е и бројот на шалтери кои работат во текот на целиот ден. Искуствата на граѓаните се различни. Некои велат дека независно од годишниот период, шалтерите се секогаш места кадешто не постои никаков ред и долго се чека за да се заврши некоја работа.

„И лето и зима кај нас, а обично лето никако.“
„Деновиве бев во УЈП, но немаше никој таму, требаше да се направи куќа, ама немаше таму никој.“
„Не те ни почитуваат.“
„Не функционираат.“
„Многу е чекање, да се чека четири пет часа ред.“


За ваквата ситуација, некои од граѓаните ги обвинуваат шалтерските работници и нивното незаинтересирано однесување.

„Чекај, чекај. Абе велам, госпоѓо, чекај да не сметам, пола се такви.“

Други пак, ги раскажуваат своите позитивни искуства и велат дека најдобар начин да се заврши работа на шалтерите е тоа да се направи рано наутро избегнувајќи ги гужвите кои се создаваат во текот на денот.

„Ако е гужва ќе се вратам пошто имам време.“
„Како ќе налета човек.“


Руша Касамов веќе 10 години живее во Италија. За него е неприфатливо неколку часовното чекање пред шалтерите, хаосот и непријатната атмосфера која ја создаваат нервозни граѓани. Тој вели дека досега ниту еднаш не му се случило да чека ред пред некој шалтер во Италија.

„Доаѓа поштар дома, дека тој и тој ден треба да платите, во толку саат и готово.“

Повеќето од граѓаните признаваат дека навикнале да чекаат ред,но тие се надеваат оти наскоро, со воведување на едношалтерскиот систем, нервозите и долгите редици пред шалтерските служби ќе бидат минато.
XS
SM
MD
LG