Достапни линкови

Лондон: Уапсени десетмина странски државјани


Британските власти денеска уапсија 10-мина странски државјани под сомневање дека се закана за националната безбедност и ќе ги депортираат. Секретарот за внатрешни работи Чарлс Кларк не го соопшти идентитетот на уапсените, изјавувајки дека Британија добила гаранции од земјите каде што ќе бидат депортирани осомничените дека врз нив нема да се врши тортура. Велика Британија, како потписник на Европската конвенција за човекови права, не смее да депортира лица кои би можеле да се соочат со злоставувања во нивната земја.
XS
SM
MD
LG