Достапни линкови

Виена: Меѓународната агенција за атомска енергија го продолжува состанокот за Иран


Бордот на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска го продолжува состанокот за нуклеарната програма на Иран. Најавена е расправа за резолуција со која од Иран ќе биде побарано да ги запре активностите за збогатување ураниум во Исфахан, но не е предвидено и испраќање на случајот пред Советот за безбедност на Обединетите Нации заради можни санкции. Генералниот секретар на Светската Организација Кофи Анан изрази надеж дека европските преговарачи ќе ги продолжат преговорите со Техеран за окончување на иранските нуклеарни амбиции.
XS
SM
MD
LG