Достапни линкови

Во Грција сеуште „црни листи“ на Македонци од егејскиот дел


Ѓорѓи Плуковски е родум е од Костурско од Егејскиот дел на Македонија.Тој веке 30 години живее во Канада и допатува од таму да си го види родното место. Но, не успеа во својата намера. Грчките власти иако со канадски пасош не му дозволија да ја мине границата:

„Јас бев во Грција пред да ме вратат. Бев на 6-ти и 7-ми годинава и претстојував на 20-тина дена, за потоа да бидам одбиен дека сум бил опасен за нивната општествена сигурност и одностите помеѓу државите во европската заедница, што е апсурд.“

Во образложение зошто е вратен доплонително пишува и дека е опасност за јавното здравство. Ова е прв пат Грција да издаде документ со причините зошто ги врака Македонците од премините. Претходно тој влегол во Грција на Солунскиот аеродром со лет од Милано и тогаш не му бил проверен пасошот затоа што Италија е земја членка на ЕУ

„Не можат комплетно да го спречат нашето влегување во Грција.“

Ѓорги додава дека ова не е прв пат да биде вратен од македонското грчката граница и истото му случило и 1988 и 1999 година. Граничарите овој пат беа добри со мене , ми се извинија велејки дека тоа не било нивна волја туку наредба од Атина. Ѓорѓи Волчевски пак член на сојузот на здруженијата на децата бегалци објаснува дека нашиот јужен сосед сеуште има црни листи со имињата на Македонците кои се залагале или пак биле членови на некои здруженија:

„Тука е и господинот Плуковски, и стотици граѓани од македонски граѓани кои сеуште не може да влезат. Сега јас се прашувам нешто друго, дали Македонец од егејскиот дел од Македонија кој напишал песна, или насликал нешто, заслужува таков однос и по 50 години?“

Тој објаснува дека по 3 светската средба која се одржала во Лерин во 2003 година во грчкиот конзулат им ветиле дека овие листи повеке нема да постојат. Но последниот случај со Горги Плуковски кој е секретар на здружението на децата бегалци во Торонто Канада го докажува спротовното.
XS
SM
MD
LG