Достапни линкови

Младите во Македонија не знаат како да направат CV за вработување


Сите заинтересирани кандидати за работното место кое го нудиме, треба да испратат CV на следната адреса...Ова е неизбежен дел од секој оглас за вработување. По првичната селекција на најдобрите, потенцијалните кандидати за работното место ги очекува втор круг-интервју. Голем дел од нив не знаат дека curriculum vitae или CV е всушност кратка биографија и велат дека ќе научат да напишат добро CV кога тоа ќе им биде потребно.

„Не знам, не сум пробала никогаш.“
„Не знам што е.“
„Не знам да направам, би прашала некој да ми помогне.“


Дел од младите сметаат дека добро составено цв може да ги зголеми шансите за добивање на работното место.

„Не знаат да си пополнат и направат добро ЦВ“

Некои од нашите соговорници велат дека кога се оди на интервју не ви се потребни посебни подготовки. Тремата не е пожелна, а сигурниот настап многу помага.

„Прво не знаеш што ќе те прашаат.“

А други пак дека образованието е клучно за добивање на посакуваното работно место.

„Образованието е најважно и според тоа и работата.“

Со цел да им се помогне на младите кои во иднина ќе бараат работа, агенцијата за посредување при вработување, вработување.ком, во соработка со УСАИД, планира отворање на таканаречени кариера-центри во 50 средни стручни училишта низ Македонија, кадешто ќе се обучуваат најдобрите уженици.

„Обуката е составена од теми кои во моментов се многу актуелни. Блиски до вработувањето. Како се прави ЦВ, како да се однесуваат на интервју, како да се победи тремата. Се надевам дека Македонија а две три години ќе бара и други теми,“

вели Дарко Велков, менаџер во Вработување.ком

Тој додава дека многу фирми се веќе заинтересирани за вработување на ученици кои ја поминале обуката.
XS
SM
MD
LG