Достапни линкови

Новиот крал зад себе има децениска симултана работа со Западот и конзервативните муслимански лидери


Смртта на саудискиот крал Фахд означува крај на една ера на Блискиот Исток? Дали? Новиот крал Абдула де факто владееше со земјата уште откако Фахд пред една деценија доживеа мозочен удар. Во таа улога, Абдула пловеше претпазливо, симултано работејќи со Западот, особено Соединетите Држави на нафтените и надворешните работи, но и со конзервативните вахаби муслимански лидери во неговата земја.

Официјалната верзија е дека ништо нема да се смени.

„Престолонаследникот Абдула кој стана крал, долго време и блиску соработуваше со покојниот крал Фахд во креирањето на надворешната и внатрешната политика. Затоа не можам ниту да замислам дека би можело да има какви било промени во тие области. Ќе бидеме сведоци на продолжувањето на политиката на кралот Фахд.“

изјави саудискиот принц Турки ал Фејсал, говорејќи пред репортерите во Лондон. Турки е саудиски амбасадор во Британија на заминување и тој наскоро ќе биде амбасадор во Соединетите Држави. Ова негово мислење го дели и Нејтан Браун, експерт за Бискиот Исток од Карнеџи фондацијата во Вашингтон.

„Некој од генерацијата на Фахд и Абдула навистина израснаа со создавањето на Саудиска Арабија која ние ја знаеме. Тие беа родени во време кога Саудиска Арабија ја немаше ваквата денешна модерна инфраструктура. Каква ќе биде идната генерација на саудиски владетели е тешко да се каже.“

Всушност Браун вели дека вистинското прашање се однесува на кралското семејство. Со тоа се согласува и аналитичарот Џејмс Филипс кој наведува дека според саудиската традиција кралот не е повеќе од она прв меѓу еднаквите и оти тоа ќе може да доведе до извесно свртување на политиката на Ријад поблиску кон своите арапски соседи.

„Мислам дека ќе има постепени и мали промени. Мислам дека кралот Абдула не е толку прозападен како што беше кралот Фахд. Се верува дека Абдула е порелигиозен и има потесни врски со верските лидери во земјата и со семејството Асад кое владее во Сирија.“

Вели Филипс, додавајќи дека американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот татко внимателно ги култивираа личните врски со саудското кралско семејство, особено со сегашаниот крал Абдула. Но, проблем бо можело да претставува фактот што Абдула има осумдесет и една година, односно тоа што секој од вкупно четииесет и четворицата синови на Абдул Азиз, основачот на модерна Саудиска Арабија имаправо на кралскиот трон.
XS
SM
MD
LG