Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Евакуирани 1,24 милиони луѓе од источниот брег на Кина


Кинеските власти евакуираа повеќе од 1,24 милиони луѓе од источниот брег откако тајфунот Матса почна да ги зафаќа делови од Кина, носејќи силни ветрови и поројни врнежи. Воздушното пристаниште во Шангај е затворено и повеќето меѓународни летови се откажани, пренесуваат западните агенции. Тајфунот Матса ја зафати крајбрежната покраина Зеиџанг уште в сабота в зори, јави кинеската државна новинска агенција Хсинхуа, потврдувајќи дека тајфунот сега се движи кон северозапад и му се заканува на Хангџу, главниот град на покраината. Медиумите пренесуваа оценки на експерти дека ова невреме би можело да биде поопасно и од минатогодишниот тајфун Ранан, што уби 164 лица и предизвика штети од 18 милијарди јуани , односно 2,2 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG