Достапни линкови

logo-print

Државните институции неединствени, како Чиле порано, за клучните државни прашања


Во Србија се случува замена на тези, односно кризата на владата се прикажува како криза на државата, иако тоа не мора да е случај. Меѓутоа, не постои ниту релевантна институција каде што политичките несогласување може да се решаваат. Политичкиот аналитичар Срѓан Богосављевиќ оценува дека нешто слично во минатото се случувало во Чиле, кога секое министерство води своја политика:

„Ние за клучните прашања, во врска со односите со Црна Гора, иднината на Косово и Метохија, Уставот, ЕУ практично немаме јасна државна стратегија, туку некакви партиски стратегии кои во одредени моменти јавно се промовираат како државни, но во суштина никаде не се компетентно усвоени.“

Последниот случај на односот на релевантните политички фактори во Србија во врска со проблемите во Македонија, поврзани со затворањето на Јован Вранишковски, според српските аналитичари е комичен. Од претставници на три државни институции, три различни става за исто прашање. Претседателот на Србија Тадиќ:

„Ништо не смее да ги наруши односите меѓу Македонија, меѓу македонскиот и српскиот народ.“

Велимир Илиќ, министер за капитални инвестиции:

„Секој си ја работи својата работа, претседателот ја работи својата, јас мојата, ако не работам добро, нека ме сменат брате. Но, додека сум министер јас ги штитам интересите на Србија и не попуштам никому.“

Владета Јанковиќ советник на премиерот Коштуница:

„Најпросто кажано, кога на робија ќе испратат човек само затоа што му се молел на бога на свој начин тоа е работа што не може да се разбере.“

За ваквите несогласувања во српската политика, аналитичарот Богосављевиќ вели дека има повеќе причини, но оти пред се главен фактор е тоа што власта е формирана од различни партии и според програмите и според практичното дејствување. Кој е компетентен за српската државна политика и градење единствен став по одредени проблеми е прашање без одговор.
XS
SM
MD
LG