Достапни линкови

logo-print

Техеран: Иран ја отфрли последната понуда на ЕУ за запирање на нуклеарната програма


Иран ја отфли последната понуда на Европската Унија во замена за запирање на иранската нуклеарна програма. Иранското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека европските предлози биле неприфатливи. Меѓу предлозите бил и оној дека Унијата ќе го снабдува Иран со гориво за нуклеарните реактори, но Техеран ќе мора веднаш да го враќа кога тоа ќе биде потрошено. Имено, потрошеното гориво може да се користи за атомско оружје.
XS
SM
MD
LG