Достапни линкови

logo-print

Хирошима: 60 годишнина од нападот со атомска бомба


Хирошима со молитви, венци и емоционални повици за запирање на нуклеарното вооружување ја одбележа шеесет годишнината од првиот напад во светот со атомска бомба во кој загинаа над сто и четириесет илјади луѓе. Јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми изјави дека неговата земја останува посветена на мирот и на неширењето на нуклераното оружје. Три дена по Хирошима, Соединетите Држави фрлија атомска бомба и врз Нагасаки при што загинаа околу осумдесет илјади луѓе. Една недела потоа Јапонија се предаде со што заврши Втората Светска Војна.
XS
SM
MD
LG