Достапни линкови

Станавме експерти за ,,крпење” крај со крај


Последниот бран поскпувања предизвикува нови стресови меѓу македонските граѓани. По последното зголемување на цената на бензинот за 14 проценти и на најновото што стартува од 1 август на телефон и регистрација на возилата за 12 односно15 проценти како и најавите дека струјата ќе поскапе за 15 проценти и топлификацијата за најмалку 18 проценти во наредните месеци, граѓаните велат дека станале експерти за преживување во услови како што им ги диктираат неповолните еконосмки прилики:

,,Стварно е прескапо. Цените секој месец се поскапуваат, не знам до кога. Платите остануваат исти.”
,,Еве според нашата плата, да ви кажам, осум илјади земам, а струја ми доаѓа четири илјади. Може да ми ја дадат не на рати, на што сакаат, ама нема услови да ја платам.”
,,Станав експерт, со малку пари да успееш да преживееш и со мало дете плус.”


Во неутрализиарање на дејството на поскапувања врз стандардот на граѓаните од клучно значење е Македонија да помине на патеката на побрз раст во економијата. Но, за сега податоците покажуваат дека Македонија во последните неколку години споредено со земјите на југоисточна Европа и поранешна Југославија се наоѓа на дното во поглед на динамиката на е порастот на БДП. Професорот по економија Михалил Петковски вели:

,,Поентата е во тоа што поскапувањата не се уникатни. Се случуваат и во другите земји, но таму ситуацијата е подобра, на пример, во Хрватска или Бугарија. Затоа што економскиот растеж е повисок. Од сите земји од екс Југославија, плус Албанија, Бугарија и Романија ние имаме најнизок економски растеж.”

Во меѓувреме се предвидува дека порастот на цените ќе предизвика доплнително влоШуавње анс тнадродот Рстпто под 4 проценти не моЃе да го компензира удрот од псокупвањара Последните во барнот поскпувања немаат униформна:

,,На пример цената на нафтата нормално е диктирана од светскиот пазар. Цената на електричната енергија е повеќе во наши раце, ама од друга страна таа е една од најниските во регионот.”


Но, некои од поскапувањата се предизвикани од интересите за профит на компаниите, бидејќи владата нема моќ за справување со монополите, вели Петковски:

,,Телефоните се прескапи. Тука можеби има можност државата да интервенира и монополските претпријатија да ги стави во рамки на законот и да ги заштити потрошувачите.”
XS
SM
MD
LG