Достапни линкови

Лондон: Илјадници полицајци патролираат по лондонските улици и метро станици


Илјадници полицајци денеска патролираат по лондонските улици и метро станици. Официјално е соопштено дека ваквата масовна безбедносна операција има за цел да ја врати довербата во јавниот транспорт на градот по терористичките напади во минатиот месец. Се прецизира дека денешната акција не е поврзана со некакви разузнавачки известувања за можни нови напади. Во меѓувреме, првиот човек обвинет за поврзаност со лондонските напади Исмаел Абдурахман денеска треба да се појави на суд. Британските власти имаат приведено четиринаесет осомничени за нападите.
XS
SM
MD
LG