Достапни линкови

logo-print

Предупредувачки штрајк на автобуските претпријатија со блокада на одредени патишта


Од рано изутрината дел од транспортните превозници во земјава не ги превезуваа патниците и не дозволуваа остварување на сообраќајот во 12 градови во земјава бидејќи сметаат дека на тој начин ќе предизвикаат внимание на Министерството за транспорт и врски, од кое тие бараат ставање крај на работата дивите транспортери. Горан Трпков од здружението Исток кој го координира штрајкот во кој учествуваат 25 компании чии автобуси ги блокираа патиштата, објаснува:

„Блокада е блокада. Ништо не се движеше.“

Сепак, дел од легалните превозници сметаат дека блокадите и непревезувањето на патници, како модел на притисок врз нелојалната конкуренција, во крајна линија е на штета на легалните превозници, бидејќи на тој начин меѓу другото тие ги казнуваат и нивните корисници:

„Владата треба да го реши тоа. Пред влада блокада, па нека се запрашаат зошто сме таму. Инаку, вака, блокирана е Стража, Градско, Штип. Неоправдувам да страдаат оние од кои живееме. Оној повисокиот слој има пари да си оди со автомобил или да плати такси. Оние што се најпогодени кои патуваат со нашите автобуси ние не ги возиме.“

Но, во здружението Исток сметаат дека штрајкот треба да наиде на разбирање меѓу нивните корисници, бидејќи како што сметаат тие се подеднакво оштетени од нелојалните превозници:

„Не се знае кој каде вози и по кои цени вози. Секој што има автомобил малтене е во улога на такси. Со свој автомобил превезува носи, нема ознака такси. Тоа е општ хаос.“

„До кога ќе трае штрајкот и ние ќе ги поддржуваме, но мислам дека од тоа нема ништо. Треба инспекцијата да излезе на терен и да прочешла се детално.“



Според министерството за транспорт и врски, причините за невозење на транспортерите се неоправдани и тенденциозни. Лидија Станчевска, портпарол на Министерството за транспорт и врски вели:

„Од петокот има засилена акција на државниот инспекторат за транспорт во соработка со полицијата. Значи, интензивно се работи на отстранување на дивите таксисти од патиштата. Значи, во однос на она што го бараат, министерството за транспорт и врски го има исполнето. Нивните изјави дека министерството не прави ништо ги сметаме за тенденциозни и невистинити.“
XS
SM
MD
LG