Достапни линкови

Ништо не смее да ги наруши односите меѓу Македонија и Србија


Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави:

,,Ништо не смее да ги наруши односите меѓу Македонија и Србија, меѓу македонскиот и српскиот народ. Кон тоа не смеат да придонесуваат, во негативна смисла, ни односите меѓу националните институции. Мораме да разбереме, без оглед на тоа што некогаш се чувствуваме, повредени поради некои процеси и настани во некои соседни држави, дека денес во Европа постојат надлежни институции за различни проблеми. За прашања за човековите права, а со тоа и за верските права надлежни институции се ОБСЕ и Хелсиншки одбор. Тоа прашање околу судењето на владиката Јован, на Зоран Вранишковски ќе го решваат или ОБСЕ или Хелсиншкиот одбор заедно со македонската држава. Тоа не е прашање во кое може да се вплеткува државата Србија, бидејќи тоа би било мешање во туѓи проблеми и во туѓи политички и судски процеси. Сакам да кажам дека македонскиот народ и во многу тешките околности за Србија и за српскиот народ бил на наша страна. Ве потсетувам дека македонците независно од своите национални интереси влегоа во многу големи демонстрации, бранејќи ја Србија во текот на бомбардирањето. Тоа никогаш не треба да го заборавиме и поради тоа се залагам за нормализирање на нашите односи, за натамошен пораст на нашата економска соработка и за водење сметка за нашите политички односи како темел на односите за генерациите кои доаѓаат."

На вчерашната редовна прес конференција во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт Департмент Том Кејси, изнесувајќи го ставот на Соединетите Држави во врска со ова прашање изјави:

,,Мислам дека нашите погледи за верските слободи се многу добро познати. Во однос на Македонија ние силно го поддржуваме решавањето на тамошните интеркомунални разлики преку Охридскиот договор. Во услови на Србија пак, мислам дека нашата политика е исто така добро позната и ние секако поддржуваме мирно усогласување на разликите меѓу сите соседи во регионот."
XS
SM
MD
LG