Достапни линкови

Багдад: Убиен американскиот новинар Стивен Винсент


Непознати напаѓачи синоќа во ирачкиот град Басра го убиле американскиот новинар Стивен Винсент, потврди американската амбасада. Според ирачката полиција, тој и неговата преведувачка најнапред биле киднапирани во центарот на градот, по што Винсент бил пронајден мртов, а преведувачката ранета. Стивен Винсент беше слободен новинар и автор на книгата за пост-воен Ирак.
XS
SM
MD
LG