Достапни линкови

logo-print

Флорида: Утре поправка на ,,Дискавери” пред враќањето на земјата


Американската вселенска агенција НАСА обелодени дека ќе биде изведена поправка на долниот дел на спејс шатлот Дискавери. Поправката ќе биде извршена за време на утрешната вселенска прошетка на еден од астронаутите на шатлот. НАСА страхува дека огреботините во долниот дел на летото би можело да предизвикаат проблеми со прегревањето на шатлот за време на неговото слетување низ атмосферата на Земјата. Ова, како што се оценува, ќе биде прва таква акција преземена досега.
XS
SM
MD
LG